Фудбал со Димитар Младеновски-Фантастичен пресврт и триумф на Милан (ВИДЕО)

977

Синоќа во дербито на колото во Италија бевме сведоци на фантастично возбудлив меч. На легендарниот стадион Сан Сиро, шампионот Јувентус му гостуваше на Милан, се разбира без публика.

По првото полувреме во кое немаше многу возбудлива игра ниту голови, вториот дел од натпреварот беше вистинско богатство за љубителите на фудбалот. “Дожд” од голови и неверојатен пресврт. Најпрво големиот фаворит од Торино поведе со 0:2 по погодоците на Рабио по само 2 минути по стартот на второто полувреме како и голот на Кристиано Роналдо во 53 минута од мечот.

Следуваше експлозија на “росоњерите” кои за само 5 минути успеаа да направат пресврт и да поведат со 3:2 преку головите на Златан Ибрахимовиќ преку пенал, Френк Кеси и Португалецот Рафаел Леао во период од 62 до 67 минута. По грешката на Алекс Сандро, Xрватскиот репрезентативец Анте Ребич ја зголемува предност со својот 10-ти погодок сезонава, за конечни 4:2 за Милан.

По поразот на Лацио од Лече ова беше шанса за Јувентус да се одлепи на првата позиција. И покрај овој пораз, “бјанконерите” имаат солидна предност од 7 бодови пред тимот од Рим. Со оваа победа Милан изби на петтата позиција на табелата со еден бод (и еден меч повеќе) пред тимовите на Наполи и Рома.

Димитар Младеновски