Голата венчаница прекрива само 6 отсто од телото и е вистински хит: Дали би се осмелиле да ја облечете?

910

Еден од трендовите оваа година, кога се во прашање венчаниците, сигурно ќе биде елегантниот комбинезон.

Луксузниот шпански бренд “Pronovias” предизвика различни мислења, лансирајќи целосен новитет во светот на венчаниците. Имено, комбинезонот составен од 200 Сваровски кристали кој прекрива само 6 отсто од телото на невестата ќе биде вистински предизвик за жените. 

Ова е тотална спротивност од традиционалното мислење на невестите бидејќи овој комбинезон ѝ остава многу малку на фантазијата.

“Голиот” комбинезон стана популарен откако познатите дами почнаа да го носат на црвениот тепих, а можеме да ги замислиме реакциите на роднините доколку одберете токму ваков изглед на денот на вашата венчавка.