ВИДЕО: Прави што сака со топката, Елмас пак погоди од невозможна позиција!

697

Ако некој се сомневаше дека мајсторијата од пред неколку седмици во Неапол беше изведена на среќа, денес Ељиф Елмас ја повтори истата во Скопје и тоа од далеку потешка ситуација.

Македонскиот фудбалски дијамант, повторно ги покажа своите фантастични фудбалски способности и со ново неверојатно ефе од зад гол ја смести топката во мрежата и им ги затвори устите на сите „неверници“.

Потегот на Елмас во Скопје:

Потегот на Елмас во Неапол:

Македонија под полна пареа се подготвува за утрешниот клучен натпревар од eвро-квалификациите против Словенија.