Пред неколку дена излезе видео записот за песната “Излези ЗА европска Македонија”, кое претставува поддршка за референдумот.
Видеото веднаш беше дочекано со лавина реакции и коментари од македонската јавност, а за таа цел се огласи и популарниот македонски поет, есеист и естраден уметник Сашо Гигов – Гиш кој ја објасни причината за учеството во спотот.
“Ми се јави мојот драг пријател, пејачот Арбен – Бени Шаќири и ме праша дали сакам да учествувам во спотот. Ми ја пушти песната. Ми се допадна и прифатив. Како секој нормален човек, иднината на Македонија ја гледам во Европа. Нема никаква политичка заднина, туку во прашање е здравиот разум. Тоа е мојот личен избор и перцепција”, изјавил Гиш за “Независен“.
Во проектот за поддршка за рефередендумот, освен Гиш, учествуваат и Тијана Дапчевиќ, Тамара Тодевска, Бени Шаќири, Виолета Томовска, Ѓоко Танески, Драган Спасов-Дац, Дани, Викторија Лоба, Бубо Каров, Дарио, Кристина Арнаудова, Александар Митевски и многу други.





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)


















