Руското село Ојмајкон кое се наоѓа во областа Јакутија на Сибир е едно од најстудените места во светот.
На Фејсбук страната “Made in Russia” објавена е фотографија на која пишува дека е забележан нов рекорд во ова село, при што биле измерени -63 степени целзиусови.
Оваа зима е крајно ладна и во нашата Македонија, каде деновиве во сите градови температурите се далеку под нулата, во Берово и Битола беа измерени и високи -21 степен целзиусови.
Да видат вакви фотографии од луѓе кои живеат во Русија или Сибир и прават лудории за време на минусни температури, не е ништо ново,но ова момче од Грција дефинитивно ги собра сите погледи.
Халкидики е побелен од снег а момчево во гаќички за капење оди во ладните морски води и плива. Дури и повикува некој свој близок „Ѓорѓос“ да дојде и да му прави друштво, но останува сам. Нема секој смелост да заплива на 4. јануари.

Погледнете:



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)


















