Мигранти спуштија скала од камион во движење кога сфатија дека не одат кон саканата дестинација

341

Четириесет и едногодишниот возач на камион од Англија, Дејвид Хурел, мислел дека неговата неодамнешна вообичаена рута од Данкирк кон францускиот град Кале, ќе биде налик на сите останати.

Сепак, тој не знаел дека во камионот имал непоканети гости. Имено, во еден момент видел човек и скала како висат од задниот дел на приколката и веднаш се запрашал што вусшност се случува.

Подоцна сфатил дека мигранти незабележливо се качиле во камионот пред почетокот на патувањето, со цел да дојдат до посакуваната дестинација. Сепак, нивната намера била да стигнат во Англија, па кога сфатиле дека возачот на камионот нема намера да патува кон островот, решиле да му го привлечат вниманието. Најпрво се обиделе да тропаат во приколката, но бидејќи возачот не ги забележал, еден од нив одлучил да ја извади скалата за да покаже дека шоферот не е сам и дека останатите патници не се согласуваат со неговата рута.