Се мачкаат со измет од крава против коронавирусот

94

Шефот на индиското Здружение на лекари ги предупредил своите сонародници да не практикуваат мачкање со измет од крава како третман против коронавирусот, бидејќи бројот на новозаразени достигнува нов максимум. Истовремено, Светската здравствена организација го означила индискиот сој на коронавирусот како варијанта која загрижува.

Со оглед на тоа дека болничкиот систем е дојден до точка на пукање, лекарите го повториле предупредувањето за алтернативните третмани и превентивни мерки кои станале популарни ширум Индија.

Праксата на нанесување на мешавина од измет од крава и урина на кожата и чекање да се исуши, пред да се измие со млеко, посебно ги загрижила лекарите во Индија.

“Не постојат конкретни научни докази дека кравјиот измет или урина делуваат на зајакнување на имунитетот против ковид-19, тоа во целост се заснова на верување”, рекол за “Reuters” д-р Ј.А Јаилал, шеф на индиското Здружение на лекари.

“Постојат здравствени ризици кои се поврзани со мачкање или консумирање на овие “препрати” – други болести може да е прошират од животни на луѓе”, додава тој.

Министерката за култура Мадја Прадеш Уша Такур, во март тврдела дека “хаван”, ритуалното палење на кравји измет, ги дезинфицира просториите во домот на 12 часа.

За хиндуистите, кои сочинуваат околу 80 проценти од населението на Индија, кравата е свето животно и се појавува во неколку верски ритуали. Кравјиот измет се користи дури и за чистење на домовите и во верските ритуали.