Луис Фелипе Виера, првиот човек на Бенфика порача дека вратите на клубот се отворени за Жозе Мурињо.
Откако Португалецот доби отказ во Манчестер Јунајтед, голм број реномирани екипи покажаа интерес за услугите, меѓу кои е и тимот на Бенфика на чело со Луис Фелипе Виера кој е во многу добри односи со Жозер.
Од страна на Бенфика наводно на Мурињо му е понудено да го води тимот до крајот на сезоната, па потоа сам да одлучи дали ќе остане или ќе си замина, а во целта приказна парите нема да бидат проблем.
„Со Мурињо инаку сум добар пријател. Ние сакаме тренер кој може да ни гарантира успех, а ако Мурињо изрази желба да дојде без проблем ќе биде наш тренер. Пари? Тоа не е проблем за Бенфика, барем во овој момент“ изјави Виера за „Мундо Депортиво“.
Иако „специјалниот“ не е нешто баш заинтериран за враќање во Лисабон, многумина го провоцираат на еден ваков потег со кој би докажал дека е еден од најдобрите тренери во светот.