Нора е првата жена кандидат за астронаут од Обединетите Арапски Емирати: Ќе оди на тренинг во НАСА

444

Нора ал-Матруши е 27-годишен дипломиран инженер по машинство.

Во рамките на забрзаните подготовки за освојување на вселената и диверзификацијата на својата економија преку вселенскиот програм, ОАЕ ја одбрале првата жена, која како кандидатка за астронаут ќе биде упатена на тренинг во НАСА.

Државјанката на ОАЕ, Нора ал-Маштури е 27-годишен дипломиран инженер по машинство моментално вработена во Националната нафтена градежна компанија, ќе се приклучи на овогодишната класа на кандидати за астронаути на НАСА.

Со развојот на вселенската програма, ОАЕ настојуваат да развијат нови технолошки и научни способности и намалување на зависноста на својата економија од експлоатација на нафта, пренесува “Reuters”.