Шји Џјинпинг му ја честита победата на Бајден

57

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг му ја честита победата на новоизбраниот американски претседател Џозеф Бајден на неодамнешните избори.

Во својата честитка Шји изрази надеж дека двете земји ќе може да го промовираат здравиот и стабилен развој на билатералните односи, пренесе агенцијата „Ксинхуа“.

Исто така, денес, кинескиот потпретседател Ванг Кишан ѝ честита на Камала Харис, избраната потпретседателка на САД, наведува „Ројтерс“.