Сопругата на диџеј Ицко скршена: „Нема зборови, нема утеха за твојата загуба душичке моја, љубов моја“

853

Ристо Меловски, познат како диџеј Ицко од „Антена 5“ радио, синоќа ја загуби битката со коронавирусот.

Меловски беше сопруг и татко на две деца, а неговите колеги утринава на социјалните мрежи се простуваат и изразуваат сочувство на семејството на познатиот диџеј.

Се огласи и неговата неутешна сопруга, Наташа Меловска.

„Нема зборови, нема утеха за твојата загуба. Ти благодарам што ми беше другар, сопруг, пријател, родител за пример и другар со големо Д за сите. Празнината секогаш ќе боли, но среќни сме затоа што беше дел од нашиот живот. Те сакам и секогаш ќе те сакам душичке моја, љубов моја“, напиша Меловска на својот Фејсбук профил.