На еден од најинтересните натпревари од синоќешната NBA програма, Aтланта го пречека Денвер.
Во исклучително интересен натпревар со многу поени главната улога ја имаа српските кошаркари. Богдан Богданович го пречека својот репрезентативен колега (и голем пријател) Никола Јокич. Центарот на Денвер беше близу “трипл-дабл” со 25 поени, 9 асистенции и 8 скокови но, поентерска партија на кариерата пружи домаќинот од спротивната страна.
Богданович постигна рекордни 40 поени и погоди 10 тројки, што претставува прв случај во богатата историја на клубот од Џорџија. И покрај одличното поентерско издание на српскиот репрезентативец, Атланта не успеа да го зачува домашниот терен. “Нагетси” го неутрализираа најдобриот играч на “јастребите”, Треј Јанг кој го лимитираа на 19 поени и со добрата одбрана (во последните миути) ја прекинаа серијата од 3 последователни порази. Конечни 129:122 за гостите од Колорадо.
По синоќешната победа, Денвер има скор од 15-9 и е на четвртата позиција во Западната конференција. Атланта која го претрпе четвртиот пораз во низа, има разочарувачки 9-13 и е на 10-та позиција на Истокот.
NBA FAN
Димитар Младеновски