Уште еден тим влегува во победничка серија пред паузата за All-Star викендот.

Голден Стејт Вориорс ја пречека Минесота Тимбервулвс во меч кој беше тесен се до 5 минути до крајот. Тогаш домаќините на дело го покажаа своето најсилно оружје, шутот за три поени. Стеф Кари и Клеј Томсон одиграа како во своите шампионски денови и донесоа заслужен триумф од 124-115.

Стеф Кари беше прв стрелец со 29 поени, следен од Клеј Томсон кој постигна 23. Новоизбраниот All-Star, Ендрју Вигинс (кој настапи против својот поранешен тим) со овации беше поздравен од навивачите на стартот од натпреварот. Канаѓанецот им се оддолжи со 19 поени а исто толку постигна едно од најпријатните изненадувања сезонава, бекот Џордан Пул.

“Воините” се на втората позиција во Западната конференција со скор од 36-13.
NBA FAN
Димитар Младеновски













![[ВИДЕО] Трамп ги губи нервите, враќањето во војната е сè поверојатно, пишува Си-ен-ен](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)


![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)















