NBA со Димитар Младеновски-Стеф Кари го запре најсилниот тим во NBA (ВИДЕО)

266

Во возбудлив и крајно неизвесен меч, Голден Стејт Вориорс ја порази Јута Џез – лидерот во NBA. Конечни 119-116 во “Чејс центар” за трета победа по ред на домаќините од Оукленд.Стеф Кари продолжи со одличната игра, посебно импресивна при крајот на регуларниот дел на првенството. Повторно го предводеше својот тим, овој пат со 36 поени, следен од Џордан Пул со 20 и Кент Бејзмор со 19 постигнати поени. На спротивната страна, најголемиот кандидат за наградата најдобра резерва, Џордан Кларксон постигна 41 поени кој не беа доволно за гостински триумф. “Џезерите” настапуваат без својот најдобар играч, Донован Мичел, кој се опоравува од повреда и се очекува да биде здрав и подготвен за игра во доигрувањето.

Со новата победа “воините” се наоѓаат на 8-то место на западот, со скор 36-33. И покрај поразот, Јута со скор 50-19 е сеуште водечки тим во лигата.

NBA FAN

Димитар Младеновски