Поентерска ескплозија од 73 поени на Лука! (ВИДЕО)

425

Лука Дончич постигна 73 поени!

На гостувањето во Атланта, Лука имаше фантастична претстава. Во исклучително интересен натпревар на кој беа постигнати многу поени, Далас славеше со 148:143. Освен поентерската експлозија, Дончич успеа да зграби 10 скокови, да подели 7 асистенции и притоа да погоди 8 тројки. Ова постигнување Словенецот успеа да го реализира со (неверојатни) 75% успешност од поле а посебно воодушевува и податокот дека тој постигна речиси половина од поените на својот тим.

Со овој поентерски учинок, ѕвездата на тимот од Тексас стана само четвртиот кошаркар во историјата на NBA кој ја надминал границата од 73 постигнати поени. Тоа двапати му има појдено од рака на Вилт Чембрлен (100 и 78 поени) како и на легендарниот Коби Брајант кој пред 10 години успеа да постигне 81 поен на дуелот со Торонто Репторс. Дејвид Томсон исто така има постигнато 73 поени во далечната 1978 година како и Вилт Чембрлен, во два наврата.

Со триумфот, “Мавси” се наоѓаат на 8-та позиција во Западната конференција со 25 победи и 20 порази.

NBA FAN
Димитар Младеновски