Најинтересниот меч од синоќешната програма се случи во најпознатата арена во Светот.
Првото полувреме беше исполнета со течна и атрактивна игра. Дерик Роус, максимално ја искористи минутажата која ја доби поради отсуството на Кемба Вокер. Одлично ја организираше играта и го држеше Њу Јорк во ритам. Ветеранот Рики Рубио и дебитантот Еван Мобли беа најконкретни во нападот на Кливленд. По скок шутот на шпанскиот репрезентативец, двата тима отидоа на полувреме со израмнет резултат (57-57).
Вториот дел започна со серија на гостите од 10-2. Рубио продолжи со прецизниот пут, а Мобли со лесни продори во противничкиот рекет. Во период кога тимот од “големото јаболко” имаше пад во играта, нивниот All-Star, Џулиус Рендл, постигнува 7 поени по ред. Следува серија од три тројки на “кавси” за високо водство од +13 (97-84). Цепелинот на Емануел Куикли до Оби Топин ја буди публиката во “Медисон Сквер гарден”.Рики Рубио повторно ја превзема контролата во свои раце. Најпрво поентираше на двапати а потоа асистираше до Џерет Ален за забивање и водство од +8 на 4 минути до крајот. Следуваа поени од Роус, а потоа нова серија од
гостите преку две тројки на Дериус Гарленд и забивање на Џерет Ален, за точка на натпреварот. Конечни 126-109 за гостите од Кливленд.
Најефикасен на мечот беше Рики Рубио, кој постигна рекорд во кариерата од 37 поени, со одличен шут (8 од 9 за три поени) зачинети со 10 асистенции. Ова е најдоброто издание на шпанскиот ветеран во досегашните 12 години поминати во NBA. Сјајниот новајлија, Еван Мобли, реализираше 26 поени. На спротивната страна, иако шест играчи на “никси” имаа двоцифрен број на поени, тоа не беше доволно за одбрана на домашниот терен.
NBA FAN
Димитар Младеновски