Најинтересниот натпревар рано утрово се одигра на Флорида.
Мајами Хит го пречека Њу Јорк Никс кој игра во голема форма.
Мечот беше неизвесен до самиот крај а двата тима имаа своја поентерска серија која го направи финишот посебно возбудлив. Гостите од “големото јаболко” пред полувремето имаа највисоки +21, а тогаш домаќините заиграа на ниво и со фуриозна игра во нападот се вратија во игра. Џими Батлер и Тајлер Хироу ги одржуваа “жешките” во игра. На спротивната страна Џулиус Рендл доминираше над противничката одбрана.
На почетокот од последната четвртина “Никси” влегоа со 8 поени предност. Имануел Кукли беше расположен за погодување тројки. Џими Батлер врати со поентирање а тројката на Кејлеб Мартин на 5 минути до крајот го донесе и првото водство за домаќините. Последните две минути се играше “кош за кош”. Најпрво Рендл носи водство за Њу Јорк а потоа Хироу положува за водство на Мајами. Следува напад за гостите во кој Рендл речиси ја губи топката, ја враќа контролата над неа и погодува тешка тркојка на секунда пред крајот. Конечна победа за Њу Јорк Никс од 122:120.
Џулиус Рендл беше прв име на мечот со 43 поени и победничкиот шут, следен од Џејлен Брансон со 25 поени и 8 асистенции. Кај Мајами, Џими Батлер беше водечки со 33 поени следен од Тајлер Хироу со 29 поени. Ова претставуваше осми триумф по ред за “Никси” и со биланс 38-27 се на петата позиција во Истокот.
NBA FAN
Димитар Младеновски