Кошаркарите на Феникс Санс го елиминираа актуелниот шампион Лос Анџелес Лејкерс. По синоќешната победа од 113:100, “сонцата” со 4:2 во победи се пласираа во следното коло. Ова е прв пласман на тимот од Аризона во плејофот по 2010 година.
Девин Букер пружи фантастична офанзивна партија, реализираше 47 поени со 80% шут за три поени. Лидерот на Лејкерси, Леброн Џејмс, со суперлативи ја опиша играта на младиот поентер по мечот. Ова е за прв пат во неговата кариера да биде елиминиран во првото коло на плејофот. Џејмс со 29 поени и 7 асистенции не успеа да го спаси тимот од бледото издание и катастрофалниот крај на една разочарувачка сезона.
NBA FAN
Димитар Младеновски








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












