Твитер заедницата со урнебесни коментари по објавата на Ахмети и Заев за изненадување во сабота

924

Премиерот Зоран Заев порача дека до сабота ќе треба да почекаме за да видиме кое изненадувањето и убавата вест на ДУИ и Али Амети.

Заев додаде дека за тоа бил информиран од неговиот прв заменик, вицепремиерот Артан Груби.

Според премиерот, изненадувањето ќе биде добро за државата.

“ДУИ има убава работа да соопшти во сабота. Во целосна корелација е со работењето на владата, модерна е соодветна за 21-ви век. Ќе оставам да ја соопшти ДУИ, тоа е нивна агенда, во неа се препознаени голем број од државните политики”, рече Заев и додаде дека тоа што го прави ДУИ е “освежување и убава работа”.

Ахмети вчера ова не го опиша со истите зборови како Заев, туку кажа дека е платформа која првично ќе биде дискутабилна, како што беше и таа за “прв премиер Албанец”.

Некои медиуми шпекулираат дека СДСМ и ДУИ ќе промовираат заеднички кандидат, етнички Албанец, за градоначалник на Скопје. Од СДСМ демантираат дека воопшто се зборувало за локалните избори.

На овие најави од премиерот Заев реагираше и Твитер заедницата.

Твитерџиите имаат неколку замисли и идеи за тоа што би можеле ДУИ и Ахмети да најават во сабота.

Еден од нив дека Ахмети ќе каже дека гробот на Александар Македонски е пронајден во Зајас, друг дека Ахмети е нов тренер на Шкендија.