Моторџиите задоволни што ќе плаќаат помали патарини

100

Мотоциклистичката федерација на Македонија упати јавна благодарност до јавното претпријатие „Државни патишта“ бидејќи со измените за висина на наплата за патарина, мотоциклите се ставени во посебна категорија со помал надоместок.

– Мотоциклистичката федерација на Македонија имаше доставено барање до нашата Влада за измени во наплатата на патарини за мотоцикли по што на наше големо задоволство добивме позитивно решение од страна на ЈП Државни патишта со кое е задоволено нашето барање. Со ваквото решение како држава сме изедначени со поголемиот дел од европските држави во поглед на третманот на мотоциклите при наплатата за користење на автопатите и ние како Федерација сме среќни што институциите ги препознаваат и имаат разбирање за потребите на мотоциклистите и заедно со нас ги решаваат реалните проблемите со кои се соочуваме, се наведува во денешното соопштение од Мотоциклистичката федерација на Македонија.

loading...