NBA-Натпреварот во забивање на високо ниво (ВИДЕО)

448

Највозбудливиот дел од Саботната “All-Star” вечер без никаква дилема е натпреварот во забивање.

Рано утрово во Јута се натпреваруваа 4 млади кошаркари а атракциите не изостанаа.
Во конкуренција беа Џерико Симс од Њу Јорк, Кенјон Мартин јуниор од Хјустон, Треј Марфи од Њу Орлеанс и Мек МекКланг кој штотуку потпиша договор со Филаделфија 76ерс а доаѓа од “Џи лигата”. Токму МекКланг најмногу ги воодушеви судиите како и навивачите и стана првиот играч од “развојната лига” кој успеал да го подигне пехарот.

Популарниот “Биг Мек” ланската сезона беше избран за дебитант на годината во “Џи лигата” а претставува еден од најатрактивните млади играчи уште од своите средношколски денови. Да се надеваме дека ќе добие шанса за игра и дека своите летачки способности ќе ги презентира на највисоко ниво.

NBA FAN
Димитар Младеновски