НИКАКО БЕЗ МАСКИ: Од денес задолжително се носат во една соседна земја

359

Бугарија наложи задолжително носењето маски.

Ова стартува од утре.

Наредбата стигна од министерот за здравство Кирил Ананиев.

На затворено или на јавно место  како јавен превоз, трговски објекти, паркови, цркви, манастири, храмови, хали, улици, маски мора да се носат.

Оваа мерка веќе беше објавена еднаш, но поради незадоволство кај граѓаните, беше повлечена.

Во Бугарија пак имаше многу дискусии околку тоа дали мерките за заштита од вирусот се ефективни или не.

Во Тексас и во Австрија граѓаните кои се затекнати без маски, се казнуваат со парична казна.