Имало продолжение на дуелот Меси – Смолинг по мечот: Дефанзивецот го откри разговорот

375

Крис Смолинг инсистира на тоа дека инцидентот со Лео Меси бил секако случаен а не намерен како што се импутира од Шпанија низ разни приказни и задкулисни игри.

Дефанзивецот на Јунајтед беше навистина брутален во судирот со Меси, па поради налетот му пушти крв од носот на Лео Меси, кој има мала повреда и на окото.

Но по натпреварот, Смолинг откри дека имал разговор со Меси на таа тема.

Да, разговаравме за тоа по мечот. На прва не сфатив за каква повреда станува збор кај Меси. Но по мечот разговаравме за тоа, се ракувавме пријателски, а тој ми рече дека знае дека тоа било ненамерно. Убаво е кога на терен по такви битки ќе се ракувате пријателски, бидејки кога сте на терен, се обидувате да го покажете најдоброто пред гледачите“, истакна Смолинг.

Јунајтед загуби со 0:1 на Олд Трафорд, со голот кој несреќно си го постигна како автогол Лук Шо.