Наместо 12, екс шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, ќе има реална казна затвор од 9 години.
ТВ 24 пишува дека делото „примање награда за противзаконито влијание“, кое се однесува на уништување на опремата за прислушување, му застарува на 28 март.
Имено, пред шест години на овој датум било преземено последното дејствије во овој случај, што значи дека за дваесетина дена настапува апсолутна застареност. Пресудата за нелегалното прислушување јавно се читаше, но периодов се пишува и во неа ќе влезе ова дело, изјавил за ТВ 24 судијата Владимир Туфегџик.
„Писмено изготвената пресуда ќе биде онаква како што е објавена, со сите три дела, дали некое понатаму застарело или не, ќе си констатира Апелација ако има жалби“, изјавил Туфегџиќ.
Во „Таргет-Тврдина“ има две дела за кои беше неправосилно осуден, прво дека формирал злосторничко здружување за нелегално да прислушува и дека ја злоупотребил положбата како шеф на тајната полиција.