Голем број на NBA ѕвезди кој во својот играчки зенит важеа за голем фактор во најсилната лига, денес не се коментираат.
За жал, една цела плејада на големи имиња со текот на времето се неоправдано заборавени. Овие играчи во голема мера ја променија кошарката и оставија неизбришлив печат за растот на оваа прекрасна игра во глобални размери. Големи стрелци како Гилберт Аренас и Мич Ричмонд, “супер соничниот” тандем составен од Реј Ален и Рашард Луис, ултра брзитe Дерон Вилијамс и Стефон Марбери се само неколкумина од нив.
Невозможно е да се заборави еден од најдобрите дефанзивци кој стапнале на паркетот – големиот Бен Волис, како и ултра атрактивниот Стив Френсис и еден од најголемите шутери на сите времиња – Пеџа Стојакович. Не доволно ценети се и играчи како сестраниот Џермејн О’Нил, дефанзивно ориентираниот бек Алвин Робертсон, атлетски импресивниот Шон Мерион. Легенди како Грент Хил и Глен Рајс исто така не добиваат заслужено внимание.
Овие имиња беа идоли на сегашните големи ѕвезди и се неоправдано заборавени. Во прилог следува видео во кое се потсетуваме на некој од овие големи кошаркари. Уживајте…
NBA FAN
Димитар Младеновски