За многумина претставува вистинско задоволство да се слушне по некоја нова приказна од 90-тите. Посебно возбудливо за сите NBA фанови е кога таа сторија во главна улога го има најдобриот играч на сите времиња. Ајзеа “Џеј-Ар” Рајдер пред некое време го раскажа своето најпредизвикувачко искуство на теренот, вклучувајќи го Мајкл Џордан (во своите најдобри денови).
Следува сторија за натпреварот меѓу Минесота и Чикаго, од сезоната 1995/1996. На истиот меч (тогаш младиот дебитант) Кевин Гарнет на него својствен начин пробувал да го измотивира својот лидер, Џеј-Ар Рајдер, коментирајќи (гласно) дека “летачкиот” МЈ едноставно, не може да го чува по импресивното прво полувреме на Рајдер.
Колку за илустрација, Џеј-Ар Рајдер беше еден од најатрактивните (и најпроблематични) бекови во најсилната лига во Светот, во 90-тите. Поседуваше страотно висок одраз како и страшен офанзивен арсенал. Кога беше доволно мотивиран, а тоа најчесто се случуваше кога на спротивната страна ги имаше најдобрите играчи во NBA, Џеј-Ар умееше да прикаже повеќе од солидна игра во дефанзивата. Најдобриот забивач од сезоната ’94 и носител на шампионски прстен, оваа ноќ се соочи со (до денес) незаменлива спортска величина.
Исклучително интересно е начинот на кој “ѕверот од Калифорнија” (како што го нарекуваа поради неговата чиста и сурова физичка сила и висок интензитет на енергија на теренот) со огромна почит и понизност, до најситен детал го објаснува ова (горко) искуство. Вистинско задоволство е да се слушне ваква сторија во која се дава респект на најголемиот кој стапнал на теренот. Во прилог следува видео во кое на лик и дело се претставува величината и умешноста на најголемиот кошаркар на сите времиња. Уживајте…
NBA FAN
Димитар Младеновски