Неверојатно: Твитерџија уште во 2012 година предвидел дека Коби ќе загине во хеликоптерска несреќа! (ФОТО)

206

Американски твитерџија со прекар Носо во моментов е најспоменуваниот на оваа социјална мрежа, а причина за тоа е негов твит од ноември 2012 година во кој напишал дека Коби Брајант ќе загине во хеликоптерска несреќа.

Нешто повеќе од седум години подоцна, неговото предвидување или во тој момент шегување стана вистина, откако американската кошаркарска легенда денеска на идентичен начин опишан во твитот го загуби својот живот на 41-годишна возраст во близина на Лос Анџелес.

Во моментов неговата објава од 2012 година е споделена речиси 100.000 пати, а има двојно повеќе „лајкови“ и коментари, во кои многумина бараат од него вакво предвидување за други познати личности кои не им се допаѓаат.

Исто така на 28 декември 2017 година прикажан е цртан филм во кој славниот кошаркар доживува пад со хеликоптер.

Дали е се ова случајност или не засега останува мистерија. Сигурно е само дека  теоретичарите ќе имаат многу материјал во периодот кој следи.

Потсетуваме, Коби Брајант загина денес на 42 годишна возраст во хеликоптерска несреќа во Калифорнија. Како што се дознава со него имало уште 4 лица меѓу кои и неговата 13 годишна ќерка Џиџи.