Ексклузивен документ на Викиликс открива: Еве кој ја уништил тајната американска база на Месечината! Не сме сами, таму има уште некој

122

Идејата дека на Месечината можеби се случува нешто чудно, воопшто не е невозможна. Документот на Викиликс – “Извештај за уништувањето на тајните бази на Месечината, кое го направил СССР”, зборува за можните вселенски војни кои се водат во тајниот свет.

Самиот документ не само што открива детали за овие наводни војни, туку и можност за “Тајни бази на Месечината”, кои им припаѓаат на САД, а кои очигледно биле функционални додека не ги уништил СССР.

Еден друг документ на американската влада јасно покажува дека изградба на база на Месечината им е една од целите, што потекнува уште од 1966-та година.

Еден дел од документот, повикувајќи се на претседателите Кенеди и Џонсон во изјавата на Џорџ П. Милер, гласи:

“Верувам дека можеме да ја постигнеме целта која ја поставиле претседателите Џонсон и Кенеди: слетување на Месечината пред 1970-та година. Мојата самодоверба во нашата брзо-напредувачка наука и технологија е таква што можам визуелно да предочам многу подраматични достигнувања, иако нема да направам временски распоред за нив. На прво место е истражување на површината на Месечината и веројатно воспоставување на една или повеќе постојани бази”.

Понатаму, со децении се декласифицирани стари документи кои зборуваат за таа тема, што покажува колку е сериозно и можно напредувањето на тие полиња.

Уште еден документ на Викиликс, во облик на и-мејл, кој политичарот Џон Подеста му го пратил на др Едгар Мичел, астронаутот на мисијата Аполо 14 и др Керол Росен, гласи:

“Драг Џон, со оглед на тоа дека трката за војување во вселената се разгоре, чувствував дека треба да бидете свесни за неколку работи додека закажуваме разговор на Скајп. Запаметете, нашиот ненасилен И.Т од соседниот универзум ни помага да донесеме енергија на нулта точка на Земјата. Нема да толерираме било каков облик на воена насилство на Земјата или во вселената. Следните информации со мене го сподели мојата колешка Карол Росен, која блиско соработувала неколку години со Вернер Вон Браун пред неговата смрт. Карол и јас работевме на Договор за спречување на поставување на оружјето во вселената”.

Членовите на Друштвото за планетарно истражување SETI неодамна во списанието “Space Exploration” објавиле статија со одредени карактеристики на далечната страна на Месечината кои се појавуваат во кратерот Paracelsus C, со име “Анализа на фотографиите од необични структури на далечната страна на Месечината во кратерот Paracelsus C”, тврдејќи дека тие особини би можеле да бидат со вештачко потекло.

Истражувањето има голема тежина кога станува збор за постоењето на вонземјани.

“Мејнстрим научниците често ги отфрлаат аномалиите засновани на самата тема, односно, дека на Месечината не може да постојат вонземјански артефакти, бидејќи на Месечината не постојат вонземјански артефакти. Таквиот поглед е пример за кружното резонирање засновано на убедувањето дека вонземјаните не постојат или ако постојат, не би можеле да дојдат до нашиот Сончев систем”.

Вистината е, “постојат бројни докази дека не контактираат, дека нас цивилизации не посетуваат веќе долго време”, вели Брајан О’Лири, поранешен астронаут на НАСА и професор по физика на Принстон.

Кога станува збор за Месечината, базите кои ги создал човекот можеби не се единствени.

Карл Вулф, кој бил прецизен техничар за фотографирање во авионската база Лангли, станал познат кога дал свој исказ во Националниот клуб за медиуми во Вашингтон, во рамките на откривањето на проектот на др Стивен Греар.

Сведочењето на Вулф открило дека бил одведен во мрачна соба каде биле развивани слики од лунарниот орбитер на НАСА и споени во композитни слики наречени мозаици.

“Пријдовме од една страна на лабораторијата и тој кажа: “Попатно, откривме база на една страна од Месечината””.

Др. Џон Бранденбург, заменик менаџер на мисијата на Месечината “Клементина”, која била дел од заедничкиот вселенски проект на Организацијата за заштита од балистички ракети и НАСА, исто така направил неколку фасцинантни откритија. Мисијата открила вода на половината на Месечината во 1994-та година. Но, според др. Бранденбург, мисијата Клементина имала друга цел.

“Мисијата Клементина беше мисија која во основа проверувала дали некој гради бази на Месечината за кои ние не сме знаеле. Дали ги ширеле? Од сите слики кои сум ги видел од Месечината, кои прикажуваат можни структури, најимпресивна е сликата од ректо-линеарни структури кои се широки неколку милји. Изгледаше неверојатно вештачки и не требало да биде таму. Како некој од заедницата на вселенска одбрана, на било која таква структура на Месечината гледам со голема загриженост, бидејќи таа не е наша, не постои начин да изградиме такво нешто. Тоа значи дека таму горе има некој друг”.