Домантас Сабонис во својата четврта професионална сезона, покажа зрелост над своите години. Годинава, 23 годишниот крилен центар, со гордост го продолжи патот на својот далеку познат родител, (Литванската легенда) Арвидас Сабонис. Гените и домашниот пример во огромна мера делуваа кај помладиот Сабонис. Неговиот татко е најдобриот кошаркар кој некогаш се појавил од богатата ризница таленти на неговата родна земја. Неспорно е и дека Арвидас Сабонис се вбројува меѓу најголемите Европски кошаркари на сите времиња. Овој великан го доби својот син во својата дебитантска NBA сезона. Токму во 1996 година, во Портланд, е роден Домантас Сабонис.
Оваа сезона стана “All Star” играч. Шансата која ја доби играјќи за своите “пејсерси” ја искориси на најдобар можен начин. “Домас” поседува префинето чувство за игра. Тоа што е леворак го прави уште потежок за чување. Противничките одбрани имаат исклучително тежок предизвик бидејќи Сабонис е атипично брз за својата висина од 211 сантиметри.Енергичност, агилност и ретка сестраност. Имајќи во предвид колку е млад во комбинација со неговиот висок потенцијал и работна навика, даваат огромна надеж на управата на тимот од Индијанаполис. Уживајте во најубавите моменти на едно од најпријатните изненадувања во NBA.
NBA FAN
Димитар Младеновски