Невремето во Скопје со материјални штети, дрво уништи автомобил во Чаир (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

462

Според фотографиите кои може да се видат во Фејсбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ во скопското невреме по пад од дрво страдаше и еден автомобил во скопската населба Чаир.

Невремето денеска во Скопје предизвика вистински хаос во главниот град, на многу места паднати се дрва, неколку булевари и улици се поплавени.