NBA колумна на Димитар Младеновски-Историската вечер на неговото “кошаркарско височество” (ВИДЕО)

2401

На денешен ден во 2001 година, тимот на Шарлот Хорнетс гостуваше во главниот град. Мајкл Џордан ги пречека “стршлените” и приреди шоу кое не може да се заборави.По ужасно лошиот претходен натпревар и поразот на Вашингтон на гостувањето во Индиана, “летачкиот” имаше посебни мотиви за следниот меч. Џордан тој натпревар го заврши со (за него неславен рекорден поентерски минимум) 6 поени со само 20% реализација на шутевите од поле. “Волшебниците” беа прегазени во Индианаполис со 27 поени разлика. Две вечери подоцна имавме една сосема поинаква приказна.

Уште во првата четвртина, беше видливо дека оваа вечер ќе биде една од оние историски кој го издвојуваат Мајкл Џордан од сите останати кој стапнале на кошаркарскиот терен. Го диктираше темпото како во своите најдобри денови и рутински го одведе својот тим до висока победа. Мечот го заврши со 51 постигнат поен.Интересно е што години подоцна, тогашниот тренер на Вашингтон (и голем пријател на “летачкиот”) Даг Колинс, изјави дека по лошата престава во Индијанаполис, Мајкл му се обратил со прашање дали верува во него и дали чувствува дека сеуште може да се натпреварува на најсилно ниво со далеку помладите колеги? Одговорот на Колинс бил потврден, а неговиот лидер веќе на следниот меч, по којзнае кој пат докажа дека никогаш не смее да биде отпишан.Таа волшебна вечер (на тогаш 38 годишниот лидер) беше убаво потсетување на сите оние незаборавни партии кој ги пружаше вистинскиот “волшебник”. Уживајте во неговата историска претстава.

NBA FAN

Димитар Младеновски