Крај на агонијата за Французинот: Рабио се договорил со Реал?!

715

Агонијата на францускиот фудбалер Адриен Рабио конечно се наближува кон крајот.

Според наводите на француските медиуми 23-годишниот играч за врска од летово ќе стана нов играч на на Реал Мадрид со кого во претходните денови успеал да договори соработка.

Рабио е во немилост на тренерот на француската екипа Томас Тухел веќе со месеци и тоа поради фактот што одби да го продолжи договорот.

Иако не игра во ПСЖ веќе неколку месеци, интересот за неговите услуги беше огромен, а на крајот во конкуренција на Арсенал, Барселона, Манчестер Јунајтед и Реал, тој ги одбра „Кралевите“.

Последниот меч во дресот на францускиот првак Рабио го одигра во декември минатата година, а оваа сезона настапи во вкупно 14 натпревари.

Потврда за трансферот на Рабио од ПСЖ во Реал Мадрид би требала да се случи во следните денови.