Од синоќешната NBA програма го издвојуваме дуелот помеѓу Сан Антониo Спарс и Бруклин Нетс.
Во неизвесен меч во кој беа потребни дополнителни 5 минути игра за да се реши победникот, гостинскиот тим успеа да извојува значајна и апсолутно заслужена победа. Џејмс Харден имаше историска претстава. Успеа да постигне трипл-дабл ефект сочинет од 30 поени, 14 скокови и 15 асистенции. Најимпресивно делува податокот што Харден е првиот играч во историјата на NBA што имал ефект од над 30 поени и 15 успешни додавања а притоа да нема загубено ниедна топка.
Откако најсилната лига во Светот ја води оваа статистика (1977-1978) ова претставува прв случај на играч да има ваква маестрална партија без ниедна грешка. Со новата победа, “нетси” имаат идентични 23 победи како и лидерот на Истокот, тимот на Филаделфија 76ерс.
NBA FAN
Димитар Младеновски














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















