NBA колумна на Димитар Младеновски – Giannis Antetokounmpo руши рекорди!

58

Најдобриот кошаркар на Milwaukee Bucks, Giannis Antetokounmpo, постави ново остористко остварување во NBA лигата. На гостувањето во Los Angeles на дуелот со Clippers-и, “елените” славеа победа со 129:124, а “The Greek Freak” постигна 38 поени, собра 16 скокови и додаде 9 успешни додавања. Со ова постогнување, Гркот стана првиот играч во историјата на NBA, кој постигнал најмалку 200 поени во првите осум натпревари од сезоната, остварил најмалку 100 скока и додал барем 50 асистенции.

Покрај тоа, грчкиот кошаркар стана само шестиот играч во историјата на лигата, кој постигна најмалку 30 поени во три одиграни натпревари во низа, собра најмалку 15 скокови и имаше најмалку 5 асистенции. На оваа листа им се приклучи на Kareem Abdul Jabar, Elgin Baylor, Wilt Chamberlain, Bob Pettit и Oscar Robertson. Antetokounmpo е првиот на кого ова му пошло од рака во последните 35 години.

NBA FAN

Димитар Младеновски