Англиските медиуми се прават наглуви за рекордот на Ѓоковиќ

124

Веста дека најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ ја започна 311-тата недела на врвот на АТП-листата и дека го престигна Роџер Федерер е хит во светските медиуми.

Насекаде освен во англиските.

„Срамежливо“, веста може да се најде само на неколку англиски информативни веб-страници и портали, додека престижните BBC и The Guardian се чини сè уште не ги „добиле“ информациите.

Во меѓувреме, шпанска Marca по тој повод објави текст со наслов „Ѓоковиќ, рекорден број 1“, а AS во сличен стил објави текст со наслов „311 недели на врвот“.

„Овој понеделник, 8 март 2021 година, ќе биде запишан во книгата на тениски рекорди. Србинот Новак Ѓоковиќ ја започна 311. недела на врвот на АТП-листата и го сруши рекордот на Роџер Федерер“, пишува Mundo Deportivo во текстот „Ѓоковиќ го сруши рекордот на Федерер“.

„Како што се очекуваше, првиот голем рекорд на Роџер Федерер што мора да биде соборен е оној што се однесува на неговата стабилност на врвот на светската ранг-листа. Од утрово, Новак Ѓоковиќ е крал на светот со 311 недели, една недела повеќе од Федерер, кој остана на 310“, е дел од текстот на италијанскиот La Gazzetta dello Sport со наслов„ Ѓоковиќ го престигна Федерер: 311 недели број 1“.

Францускиот L’Équipe во текстот „Ѓоковиќ – прв на број 1“ пишува: „Новак Ѓоковиќ денеска ја започна својата 311-та недела на врвот на АТП-листата и со тоа го сруши рекордот на Роџер Федерер (310)“.