Еден од најпотентните млади стрелци во NBA е новиот играч на тимот на Индијана Пејсерс, Керис ЛаВерт. По преминувањето во таборот на “пејсерси” следеа шокантни вести поврзани со неговото здравје. На ЛаВерт му беше констатиран карцином на бубрежните клетки во левиот бубрег.
По лошата дијагноза следуваше итна операција. За среќа успешна. Се очекува целосно да закрепне и да се врати на кошаркарските терени. Медицинскиот тим на Индијанаполис не објави конкретен датум за неговиот “comeback”. Она што е најважно, “малиот Дурент” (како што повеќето го нарекуваат) се чувствува одлично и стресот предизвикан од ненадејната лоша дијагноза ја прифати како “предупредување”.Пред точно една година, ЛаВерт го покаша сиот свој потенцијал на дуелот против Бостон Селтикс. Уживајте во неговото шоу….
NBA FAN
Димитар Младеновски
NBA колумна на Димитар Младеновски-Керис ЛаВерт сам ги победи Селтикси (ВИДЕО)