„Бомба“ од Англија: Тимо Вернер пред потпис со Ливерпул!

91

Екипата на Ливерпул е на прагот да заврши огромен трансфер.

Германскиот напаѓач Тимо Вернер се наоѓа на чекор од потпис за екипата на Ливерпул, а оваа вест ја пренесе стручњакот за трансфери Јан Мекгери. Тој откри дека речиси сите детали се завршени и дека наскоро се ќе биде официјализирано.

„Информациите кои ги имам се следни: Ливерпул е многу блиску до договор со Вернер. Им треба класична деветка веќе некое време. Дивок Ориги не импресионираше никого, Даниел Стариџ има проблеми со повредите. Јирген Клоп силно сака деветка во екипата“, изјави Мекгери, па додаде:

„Без разлика дали ќе ја освојат титулата или не, Ливерпул носи напаѓач. Едноставно таа деветка им е потребна“, истакна тој и ја открива висината на трансферот.

„Вернер има уште една година договор со РБ Лајпциг. Претходно бараа поголеми суми бидејќи имаше подолг договор, но сега ќе го пуштат за околу 50 милиони евра. Тоа е сосема пристојна цена“, истакна Мекгери.

23-годишниот играч се поврзуваше со Баерн Минхен, но по се изгледа ќе заврши на „Енфилд“, а неговиот клуб нема никаков избор освен да го продаде, за што сведочи и изјавата на генералниот директор на РБ Лајпциг.

„Немавме избор, сакавме да го продолжиме договорот, но не успеавме и беспредметно е да го чекаме истекот на договорот кога може да ја бира новата средина. Сакаме да добиеме што е можно повеќе пари“, нагласи Оливер Минцлаф, генералниот директор на РБ Лајпциг.

loading...