По променливата игра во последниот месец, Бруклин конечно заигра посериозно. “Мрежичките” ја остварија 16-та победа оваа сезона, откако на гостувањето во Оукленд славea со конечни 117-134.
Ова беше посебен меч за Кевин Дурент. Против својот поранешен тим, со кој освои две титули, поранешниот МВП постигна 20 поени, 5 скока и 6 асистенции. Прв стрелец во редовите на “нетси” беше Кајри Ирвинг со 23 поени, следен од Џејмс Харден кој имаше дабл-дабл ефект сочинет од 19 поени и 16 асистенции.
Кај домашниот состав, Стеф Кари имаше 27 поени, кои не беа доволни за триумф. Со овој загубен натпревар тимот на Голден Стејт се наоѓа на 8-то место на табелата во западната конференција со скор од 14-13. Поразот беше уште потежок имајќи во предвид дека нивното крило, Дрејмонд Грин, предвреме го напушти натпреварот поради повреда. “Воините” ги чека тешка борба за пласман во плеј-офот во остатокот на првенството.












![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)






















