На овие патишта има забрана за движење на камиони, појава на голомразица

495

Поради остатоци од снег на коловозот, забрани за тешки товарни возила има на следниве патни правци:

– Прилеп – Кавадарци преку планинскиот премин Плетвар.

– Тетово – Попова Шапка има забрана за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси.

– Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато.

– Крива Паланка – граничен премин Деве Баир.

– крак Маврово – Дебар има забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка.

– Од Дебар кон Струга. Во спротивниот правец од Струга кон Дебар нема забрана за тешки товарни возила.

ЗАБРАНИ ЗА МОТОРНИ ВОЗИЛА:

На патниот правец Р2248 помеѓу с. Ранковце и с. Герман има забрана за сите видови моторни возила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Поради ниските утрински температури, има и појава на голомразица.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка поради врнежи од снег и ниски температури на учесниците во сообраќајот им се препорачува задолжително да носат зимска опрема и по потреба истата спрема условите на патот да ја употребат.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.