Бугарскиот премиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов вчера на социјалните мрежи објави честитка за 8. март со карта на голема Бугарија. Денеска стигна и реакција од кабинетот на претседателот Пендаровски.
„Претседателот Пендаровски, во однос на ваквите изјави кои доаѓаат од Софија секогаш укажувал дека претставуваат отворено кршење на Договорот за добрососедство и ја поткопуваат довербата меѓу двете земји и народи.
Ваквите постапки се во спротивност на основните принципи и вредности на НАТО Алијансата во која и двете држави се рамноправни членки.“, се вели во реакцијата од кабинетот на Пендаровски.

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


















