NBA-Ирвинг (сепак) останува во Бруклин

494

Кајри Ирвинг останува во Бруклин.

30-годишниот бек реши да ја активира клаузулата од договорот преку која ќе остане во тимот уште најмалку една година. За натпреварувачката 2022/2023 Ирвинг ќе инкасира вртоглави 37 милиони долари.

Иако американските медиуми на големо објавуваа дека Ирвинг е на излезна врата од “Барклеј” центарот, како многупати досега тој изненади многумина и реши да остане во тимот.

Ветеранот има 11 годишно NBA искуство. Во Бруклин пристигна во 2019 година а досега одигра само 103 од можните 226 натпревари за “нетси”.

NBA FAN
Димитар Младеновски