NBA-Дурент владее во Њу Јорк (ВИДЕО)

1024

Во дербито на Њу Јорк, Бруклин Нетс го пречека Њу Јорк Никс во натпревар кој беше решен во последните секунди. Кевин Дурент уште еднаш потсети дека за него нема одбрана кога е во поентерски елемент.

“Кеј-Ди” постигна 53 поени (речиси половина од вкупниот тимски ефект) и беше најзаслужен за домашниот триумф од 110:107. Дурент имаше над 50% успешност во шутевите од поле а реализира и 9 асистенции.

Победата е уште поважна кога се има во предвид дека за “нетси” не настапи Кајри Ирвинг. Публиката во “Барклеј” центар беше воодушевена од сјајната партија на својот миленик и го награди со овации по крајот од мечот. На противница не остана ништо освен спортски да честитаат за феноменалната изведба на лидерот на “мрежичките”.

Целиот натпревар беше тесен а домаќините успеаа да го задржат нападот на своите соседи и да извојуваат значајна победа. И покрај третата радост по ред, Бруклин е наоѓа на осмата позиција во источната конференција со скор 35-33.

NBA FAN

Димитар Младеновски