АКТИВНИ СЕ СЕДУМ ПОЖАРИ ВО МАКЕДОНИЈА

464

32 пожари регистрирани на територијата на Македонија во текот на вчерашниот ден, заклучно со денеска до 7:00 часот.

Утрово се уште активни се 7, еден пожар е локализиран, еден под контрола, а 23 изгаснати.

Во активните пожари е тој во Општина Прилеп – с. Бешиште (приземен пожар во мешана шума), потоа воОпштина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево и с. Слатин (деградирана дабова шума и грмушки), во Општина Чашка – под Солунска глава, меѓу Изворите на Бабуна и Бабина дупка (само чад, карпест терен), потоа Општина Чучер Сандево – помеѓу с. Блаце и с. Чучер (мешана шума и ниска вегетација), Општина Шуто Оризари – (депонија), Општина Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума) и Општина Крива Паланка – с. Жидилово (борова шума).

Во изгаснатите пожари и се двата во овој регион, едниот кај депонијата „Мегленци“ во Општина Новаци и другиот во Битола во дворот на Инфективното одделение на Клиничката болница каде гореше сува трева.