Поради лажни снимки и информации на интернет, во Индија за неколку месеци се убиени над 20 лица

0
119

Апликацијата за размена на пораки „Ватс ап“ објави дека ќе започне тест за ограничување на пораките што стигаат до нивните корисници на глобално ниво бидејќи индиските власти побараа да се спречи ширењето на шпекулациите што во оваа земја доведоа и до убиства.

Насилните инциденти предизвикани од лажни пораки во Индија, инаку земја со најголем број корисници на „Ватс ап“ (повеќе од 200 милиони), ги поттикнаа властите да се обидат да ја спречат циркулацијата на лажни пораки со провокативна содржина.

Според информациите на властите, од април годинава, поради пораки со лажна содржина, загинале повеќе од дваесет лица, вклучувајќи ги и 65-годишната жена со име Рукмани и нејзините двајца 34-годишни братучеди.

Имено, жителите на селото Атимур ги обвиниле дека киднапирале деца и дигнале побуна поротив нив по што тие биле пречекани на одредена локација во селото и биле тепани со метални и дрвени прачки. Рукмани и нејзините роднини не го преживеале нападот, а на семејството сè уште не му е јасно зошто биле убиени.

Според „Њујорк тајмс“, во сојузната индиската држава Махараштра преку „Ватс ап“ кружело видео на кое се гледаат осакатени детски тела, но никој не може да ја потврди автентичноста на снимките.

Киднапирањето деца во Индија е еден од најголемите стравови меѓу населението, а во лажните пораки и видеозаписи често се даваат точни описи на лица што се наводни киднапери на деца, како и слики од нив. Корисниците на апликацијата „Ватс ап“ ги добиваат овие непроверени информации бидејќи преку мрежата тие бргу се шират и споделуваат и во некои случаи се решаваат да постапат во врска со нив и правдата да ја преземат во свои раце, иако во одредени ситуации наводните киднапери се недолжни граѓани.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here