Ракетата на Спејсекс со четиричлен екипаж тргна во вселената кон Меѓународната станица (ВИДЕО)

724

Вселенскиот брод на Спејсекс со екипаж тргна кон Меѓународната вселенска станица (ИСС). Лансирањето од вселенскиот центар Кенеди во Флорида според новиот план беше ноќеска во 1:27 часот по средноевропско време.

Во екипажот се Американците Мајкл Хопкинс, Виктор Гловер и Шенон Вокер, и Јапонецот Соичи Ногучи.

Пристигнување до ИСС е предвидено за утре наутро по наше време.

Станува збор за првата шестмесечна „оперативна“ мисија со која се потврдува продолжувањето на летовите со човечки екипаж од Соединетите Американски Држави од мај, по деветгодишниот прекин и зависноста од Русија.

НАСА во вторникот официјално ја одобри капсулата Кру драгон, која ја конструираше Спејсекс за превоз на своите астронаути на редовни летови, оценувајќи ја како безбедна. Со оваа мисија капсулата Кру драгон ќе стане главното такси на НАСА, додека се чека да биде спремна капсулата Старлајнер на Боинг, која на тестирањата имаше големи проблеми и нема да биде спремна пред следната година.

Спејсекс, компанијата која ја формираше претприемачот Илон Маск, претходно успешно ја заврши показната мисија која траеше од мај до август, за време на која двајца астронаути беа испратени на ИСС и се вратија на Земјата без тешкотии.

Спејсекс уште од 2012, благодарение на товарната верзија на Драгон, организира летови за снабдување на вселенската станица.