Над 250 лица во светот загинале правејќи селфи

1063

Следниот пат кога ќе стоите на работ на висока и остра карпа или на врвот од водопад, внимавајте и не брзајте да направите селфи.

Повеќе од 250 луѓе ширум светот починале додека правеле селфи во последните шест години, покажува најновата студија на истражувачи од Институтот за медицина со седиште во Њу Делхи. Наодите кои ги анализираа извештаите од вестите за 259 смртни случаи поврзани со правење селфи од октомври 2011 до ноември 2017 година беа објавени во издание на весник за семејна медицина и примарна грижа.

Од 259 смртни случаи, истражувачите најдоа дека најголемиот дел жртвите настрадале во несреќи поврзани со транспортот – на пример, додека се сликале пред воз кој наидувал, па паднале од карпи. Во други случаи, жртвите настрадале од напади на животни, од огнено оружје или, пак, од електричен удар.

,,Смртните случаи при правење селфи станаа главен јавен здравствен проблем”, изјави Агам Бансал, водечки автор на студијата за „Вашингтон пост“.

Иако студијата покажа дека во Индија има најголем број смртни случаи при селфи, бројни извештаи за фатални инциденти, исто така, доаѓаат и од Русија, САД и Пакистан.

Бансал вели дека самиот чин на правање селфи не е смртоносен, туку опасностите се јавуваат кога луѓето преземаат ризик додека се бидуваат да ја направат совршената фотографија.

Тој е загрижен што најчесто жртви во ваквите ситуации се млади луѓе. Повеќе од 85 проценти од жртвите се на возраст меѓу 10 и 30 години, рече Бансал.