Маркизата од Чолмондели, Сара Роуз Ханбери, која британските медиуми ја прогласија за љубовница на принцот Вилијам, реши да одговори на пишувањата за нивната наводна афера.
Имено, многумина од нив објавија дека причина за долгото отсуство на Кејт Мидлтон од јавноста би можело да биде тоа што Сара останала бремена со Вилијам, по што здравјето на принцезата се нарушило.
Сега Сара преку своите адвокати изјави дека гласините дека имала афера со Вилијам се целосно лажни. Овие озборувања почнаа да се шират уште во 2019 година, кога таблоидите напишаа дека тој ја изневерувал Кејт додека била бремена.
Сара порано се занимавала со моделство. На 23 години потпишала договор со модната агенција Storm. После тоа, кратко време била истражувач на конзервативниот политичар Мајкл Гоув.
На 24 јуни 2009 година, таа се омажи за Дејвид Колмондели, седми маркиз од Чолмондели. Свршувачката ја објавија два дена порано. Имаат три деца – синовите Александар и Оливер и ќерката Ајрис.
За потсетување, вчера се појавија наводни нови фотографии на Кејт Мидлтон направени во продавница. Но, многумина мислат дека и тие се фотошопирани.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












