Мухамед Али: „Оној кој не е доволно храбар да ризикува нема да постигне ништо во животот!“

253

Мухамед Али е легендарен американски боксер кој освен тоа што е познат како најголемата легенда на боксот, познат е и како исклучително харизматична личност.

Тој е пример дека за успех во спортот треба да се има и внатрешна сила, без која тешко човек може да опстане, а уште потешко да успее во таква крвава арена. Во многу интервјуа тој ги изнесувал своите мислења за теми како животот, успехот и вербата во себе.

Еве дел од неговите легендарни изјави:

„Знам каде одам и ја знам вистината и не морам да бидам она што вие сакате да бидам. Јас сум слободен да бидам она што сакам да бидам.“

„Човек без фантазија нема крилја.“

„Да им служиш на другите е киријата која ја плаќаш за местото кое го заземаш на Земјата.“

„Оној кој не е доволно храбар да ризикува нема да постигне ништо во животот.“

„Повторување на афирмациите води кон верба. А кога таа верба ќе стане длабока увереност, работите почнуваат да се случуваат.“

„Јас сум обичен човек кој напорно работи за да го развие талентот кој му е даден. Верував во себе и во добрината на другите луѓе.“

„Човек кој на 50 години гледа на животот исто како и кога имал 20 години, тој всушност потрошил 30 години од својот живот.“

„Луѓето бегаат од предизвици затоа што немаат верба, а јас верував во себе.“

„Јас сум најдобар, тоа го зборев уште пред да знам дека сум.“

„Сфатив дека ако го кажам тоа доволно пати, го уверам светот дека навистина сум најдобар.“

„Не ве уништуваат планините на кои се качувате, туку каменчињата во чевлите.“

loading...