Почина астронаутот Мајкл Колинс кој учествуваше во мисијата „Аполо 11“ и кој во Југославија бил одликуван со орден

646

Американскиот астронаут Мајкл Колинс кој што учествувал во првата мисија на „Аполо“, почина денеска на 90-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Тажната вест за неговото вечно заминување ја соопшти неговото неутешно семејство.

Во изјавата на неговото семејство стои:

„Со жалење ви соопштуваме дека нашиот сакан татко и дедо, денеска почина, по храбрата борба со канцерот“.

Инаку, во мисијата „Аполо 11“ тој управуваше со командниот модул во орбитата околу Месечината, додека пак другите двајца астронаути се спуштија на Месечината со лунарен модул.

Иако патувал околу 383.000 километри до Месечината и се наоѓал на 111 километри над неа, Колинс никогаш не стапнал на површината на Месечината како што тоа го направија неговите колеги од екипажот – Олдрин и Армстронг.

При посетата на Југославија со членовите од експедицијата (Нил Армстронг и Баз Олдрин), во октомври 1969 година, бил одликуван со Орден на југословенската ѕвезда со лента.