Ако сте некој кој е опседнат со својот автомобил и ако постојано го чувате и чистите, а немате среќа да поседувате гаража, тогаш сигурно имате проблеми кога Вашиот автомобил е надвор.
Кога тој постојано е изложен на сонце или дожд, тоа може да влијае на Вашето возило и тоа во негативна смисла. Сонцето и ниските температури се најголемите непријатели. Сонцето буквално го “пржи” Вашиот автомобил, ги топи пластичните и гумени делови, ја оштетува бојата и ги заматува фаровите, додека пак студеното време, дождот, снегот доведуваат до оштетување на каросеријата и забрзано ‘рѓосување.

Меѓутоа сега е измислен нов производ кој Вашиот автомобил ќе го заштити додека е надвор од гаражата. Станува збор за чадор за автомобил кој се поставува на кровот на автомобилот и кој сосема го прекриква просторот над него. Кога тој ќе се активира, Вашиот автомобил е имун на сите надворешни влијанија.
Сонцето повеќе нема да има ефект, бидејќи автомобилот ќе биде во ладење, дождот, снегот нема да го уништат, а прашината и лисјата нема да завршат на кровот. Чадорот има автоматска функција, која на одредени периоди вибрира, така што сè што ќе се задржи на платното, набрзо ќе падне на земја. Поради тоа нема потреба да се грижите дали на кровот ќе се наталожи голема количина снег или прашина.
Цената на овој чадор изнесува 199 долари.










![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











